19.3 C
Прилеп
среда, 15 јули, 2026
Пела Радио

Фудбалска треска во Прилеп: На камена бина Франција – Шпанија на голем екран и многу навивачи

Прилеп уште еднаш покажа дека знае како да живее и ужива со спортот. Полниот простор пред Камената бина во центарот на Прилеп беше претворен во вистинска навивачка арена, каде стотици љубители на фудбалот заедно го проследија полуфиналниот натпревар меѓу Франција и Шпанија на големиот видеоекран.

 

Од најмладите до највозрасните, граѓаните уживаа во одличната атмосфера, заедничкото навивање и секој возбудлив момент од натпреварот и повторно создадоа вечер за паметење, потврдувајќи дека фудбалот се сака во Прилеп и повод за дружење, заедништво и позитивна енергија.

Ваквите настани му даваат нова динамика на градскиот живот, ги исполнуваат јавните простори со луѓе и покажуваат дека градо има публика која знае да ужива во големите спортски спектакли. Камената бина, на кој веќе две недели се прикажуваат натпреварите од Светското првенство во фудбал, и вечерва беше местото каде што  спортот ги обединува луѓето, а заедничкот доживувања креираат навивачката атмосфера за паметење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) НК 12, ЕСЕРА и ТЕРА БИОСА во Фиталија за прихрана и заштита од пеколните горештини

За Пелагонија попладневно УХМР најавува нестабилност и пороен дожд

Илинден во Крушево со богата културно уметничка програма

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе