16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Репрезентативците на отворен турнир во забрзан шах

Во рамки на одбележувањето на 3 –ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, Шаховскиот клуб „Прилеп“ организира Меѓународен отворен турнир во забрзан шах. Турнирот ќе се одржи во Студентски дом „Орде Чопела ,со почеток во 10,оо ч.,а во  него ќе земат учество близу 150 учесници од повеќе држави, меѓу кои, сите македонски репрезентативци, во машка и женска конкуренција

Турнирот се вбројува во календарот на Шаховската федерација на Македонија и се бодува на Светската рејтинг листа на ФИДЕ .Покровител на турнирот е локалната самоуправа од Прилеп.

Инаку, Шаховскиот клуб  „Прилеп“ се натпреварува во Првата лига во организација на Шаховската Федерација на Р.Македонија. Во претходните години клубот имаше забележителни резултати и тоа освојување на трети, четврти и петти места во Македонската прва лига.

Би можело да ве интересира

Прилеп: Еден нов случај на заболен од корона вирус

(ВИДЕО) Прилепска Пиварница со музички спектакл во центарот на Прилеп ќе го одбележи своето едновековно постоење

Водокрст, Водици и Собор на Свети Јован Крстител, православни празници со големо значење

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе