7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Интервју со Гоце Макалоски, Претседател на „Локален спортски сојуз – Прилеп“

Финишираат подготовките за традиционалниот турнир во мал фудбал кој секоја година се организира во Прилеп по повод празникот „Свети Никола“. Овој турнир полека, но сигурно, станува препознатлив спортски бренд за градот. Претседателот на „Локалниот спортски сојуз“, Гоце Макалоски, вели дека заинтересираноста за учество на турнирот била голема. Учесниците ќе се натпреварувале во 3 категории : сениори, ветерани и понери, а наградниот фонд бил 330.000 денари. Турнирот има и хуманитарен карактер, а собраните средства ќе биле донирани за изградба на Центар за децата заболени од церебрална парализа. Крајниот рок за пријавување бил 9 декември, а веќе наредниот ден во големата сала на Општина Прилеп ќе се случело извлекувањето на екипите. Со Макалоски поразговаравме и за тоа колкава е котизацијата за екипите, кој ќе учествува во ревијалниот дел на турнирот и кои се идните планови на „Локалниот спортски сојуз“ за поголем развој на овој турнир.

 Дали веќе започна пријавувањето на екипите и до каде се подготовките за светиниколскиот турнир во мал фудбал?

Денеска на интернет страницата на Општина Прилеп официјално беше промовиран постерот и флаерите за светиниколскиот турнир во мал фудбал. Денеска исто така започна официјално и пријавувањето на екипите. Ние планираме на турнирот да учествуваат од 32 до 35 екипи кои ќе бидат распоредени во 8 групи. Подготовките веќе финишираат и се надеваме дека годинешниот турнир ќе биде многу поуспешен од претходните години.

 

Во кои категори ќе се натпреваруваат учесниците ?

Учесниците ќе се натпреваруваат во 3 категории : сениори, ветерани и понери. Кај пионерите се застапени генерациите 2004, 2005, 2006 и 2007 година. Ќе плаќаат членарина од 1.500 денари, а минатата година плаќаа 2.000 денари. Кај ветераните старосната граница е над 40 години. Тие лани плаќаа 5.000 денари котизација, годинава таа изнесува 3.000 денари. За сениорите имаме имаме два датуми за пријавување. Краен рок за пријавување е 9 декември. Екипите кои ќе се пријават до 4 декември плаќаат 5.000 денари членарина, а екипите кои ќе се пријават до 9 декември ќе платат 7.000 денари.

 

Кога ќе биде извлекувањето на екипите ?

Извлекувањето за екипите кои ќе учествуваaт на овој турнир ќе биде на 10 декември тука во големата сала на Општина Прилеп. Турнирот ќе се одржува како и секоја година во спортската арена „Сонце“ или кај нас позната како салата на Tутунскиот комбинат.

 

Колкав ќе биде наградниот фонд за екипите ?

Наградниот фонд оваа година за екипите кои ќе бидат најдобри предвидено е да изнесува околу 330.000 денари. Се’ уште немаме конкретно одлучено кое место колку ќе добие како парична награда.

Колку ќе чини влезот за публиката ?

Влезот за публиката ќе биде бесплатен до фазата на елиминација, после фазата на елиминација, односно после осминафиналето ќе започне да се наплаќа влезот, а сумата ќе биде симболична за да можат сите граѓани да присуствуваат на овој настан кој го организира Општина Прилеп и „Локалниот спортски сојуз“.

Турнирот има хуманитарен карактер, за што ќе бидат наменети средствата собрани од котизацијата и влезниците ?

Оваа година, во консултација со градоначалникот Илија Јованоски, одлучивме средствата од овој хуманитарен турнир да бидат наменети за опремување на Центар за децата заболени од церебрална парализа.

 Вие сте новоформирано здружение „Локален спортски сојуз-Прилеп“, која беше целта на вашето формирање и како ќе дејствувате во иднина ?

Како што знаете јас над 15 години бев репрезентативец на Македонија во ракомет и овој спорт и спортот воопшто кај нас го гледам од една подруга перспектива. Овој „Локален спортски сојуз“ е формиран со цел на секој еден спортист или спортско здружение да му излеземе во пресрет. Тоа значи да се обезбедат тие минимални услови и средства за да можат да функционираат сите спортови. Мораме да ги обезбедиме тие спортски објекти, како сала арена „Сонце“, спортска сала „Македонија“ дел од училишните спортски сали, сите овие објекти треба да се стават во функција на тие спортски колективи и само така можеме да одиме напред и да го развиваме спортот за нашиот град. И од сите тие заложби да произлезат репрезентативци од Прилеп од било кој спорт.

 

Каде го гледате моментално спортот во Прилеп ?

Моментално спортот во Прилеп е на маргините. Прилеп едноставно го снема од спортската мапа на Македонија. Мораме Прилеп да го вратиме на местото каде што заслужува. Прилепчани го сакаат спортот, заслужуваат квалитетен спорт и ние како здружение со поддршка на Општина Прилеп ќе се обидеме во иднина да го подигнеме спортот на едно многу повисоко ниво.

 

Пред 2 дена го потпишавте меморандумот со Општина Прилеп за организација на светиниколскиот турнир. Таа беше прва заедничка акција со општината, дали и во иднина се планираат други вакви заеднички активности и настани за поголема промоција и развој на спортот ?

Ние како „Локален спортски сојуз“ нема да застанеме тука и непречено ќе работиме за напредокот на спортот во Општина Прилеп. Во овој момент приоритет е светиниколскиот турнир, а во консултација со сите спортисти во градот ние сме спремни како што доаѓа некој нареден спортски настан така да разговараме за тоа и да го помагаме. Посебно се радуваме што Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски ставаат посебен акцент на развивањето на спортот и даваат поддршка на спортските настани.

Светиниколскиот турнир полека, но сигурно станува вистински спортски бренд за Прилеп, кои се вашите планови за негов иден развој ?

Оваа година имавме навистина малку време, но успеавме да го организираме турнирот. Мислам дека се ќе помине во најдобар ред. Ќе имаме ревијален дел, многу забава, во тој ревијален дел планираме да бидат присутни ветераните на „Пелистер“, „Вардар“, „Победа“, „Беласица“, „Работнички“ и други. Планираме доколку стигнеме да дојдат и ветераните на „Партизан“. Во иднина планираме овој турнир да добие и меѓународен карактер

Корисни информации за турнирт во мал фудбал :

  • Ждребувањето  за светиниколскиот турнир ќе се одржи на 10.12.2017.
  • Наградниот фонд ќе изнесува 330.000 ден.
  • Котизација за екипи
  • Сениори, за пријавување до 5-ти декември,котизацијата е 5.000 денари.
  • За пријавување на сениори од 5-ти до 9-ти декември, котизацијата е 7.000 денари.
  • За пионери котизацијата е 1.500 ден.
  • За ветерани котизацијата е 3.000 ден.
  • Со уплата на котизацијата, секоја екипа има обврска да пријави најмалку 8 играчи во пријавниот лист.

Уплата:

Цел на дознака: Котизација за учество на турнир во мал фудбал „Свети Никола 2017“
Назив на примачот:„Локален спортски сојуз- Прилеп“
Сметка на примачот: 370051200218225
Банка на примачот: Еуростандард банка АД Скопје
Дополнителни информации:
Општина Прилеп – тел: 078361534, email: [email protected].
„Локален спортски сојуз – Прилеп“- тел: 076542320

Би можело да ве интересира

Прекини во сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Крушево (ФИС ролер ски куп „Тоше Проески“)

Проданоски: Ве поканувам вечерва на сенароден митинг во Прилеп!

Пела Редакција

В петок ќе биде отворена ретроспективна изложба на Васил Костов

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе