3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Информиран пациент – подобра грижа за сопственото здравје

Во организација на Здружението ”Сочувај Лекувај Асоцијација на Пациенти со болести на црниот дроб – СЛАП” од Прилеп и во соработка со Меѓународната алијанса на организации на пациенти (ИАПО) се  одбележува Меѓународниот Ден на Солидарност за Пациентите, 02 –ри декември, чија кампањата, годинава, се одвива под мотото: ГЛОБАЛНО ЈАКНЕЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ – МОЌ ПРЕКУ ЗНАЕЊЕ. Крајната цел е пациентите да станат свесни за своите права и за одговорноста кои самите ја имаат за сопственото здравје.

Меѓународниот Ден на Солидарност за пациентите се одблежува за прв пат во Македонија,а Прилеп со делења на флаери ги запозна граѓаните –   пациетните со нивните права во сферата на здрвството како и едукација за тоа, дека, граѓаните треба да ја преземат контролата врз нивните здравствени потреби.

 

 

 

РАДИО ПЕЛА: Зошто е важно јакнењето на пациентите со информации ?

 

„ Станува збор за дизајнирање и доставување услуги за здравствена и социјална заштита на начин кој е инклузивен и им овозможува на граѓаните да ја преземат контролата врз нивните здравствени потреби.Затоа што  информиран  пациент ја разбира својата здравствена состојба и нејзиниот ефект врз своето тело,  се чувствува способно да учествува во одлучувањето со своите здравствени работници, може  да направи избор за третман, ја разбира потребата да се направат потребните промени во животниот стил за справување со својата состојба, за подобро здравје ,може, да поставува правилни прашања до здравствените работници што ја обезбедуваат неговата грижа, ја презема одговорноста за своето здравје и активно бара грижа само кога е потребно“ – вели  Билјана Мирческа  претседател на здружението СЛАП

 

РАДИО ПЕЛА: Зошто е важана пациентите да имаат информација за нивните права како пациенти?

 

“ Информираните пациенти подобро ќе разберат како да се движат меѓу многуте играчи во здравствениот систем, вклучувајќи ги семејството, лекарите, здравствените осигурувања, здравствените регулатори, фармацевтите. Кога не сте сигурни за тоа каде да одите или што треба да сторите понатаму, информираниот пациент ќе се чувствува сигурен да побара информации што им се потребни. Најчестите недоразбирања настануваат поради непознавање и дискомуникација помеѓу пациентите и лекарите, и помеѓу лекарите од општа пракса и специјалистите. Во секој случај пациентот е оштетена страна, па потребно е да се воспостави систем на правилна и точна комуникација и информација, за што свое учество треба да се вклучат и Лекарите специјалисти и Министерството за здравство – вели Меирческа

 

РАДИО ПЕЛА : Кои се заклучоците од ваквите камапњи?

 “Поголемото ангажирање на пациентот е поврзано со подобро искуство на пациентот, здравје и квалитет на живот и подобри економски резултати, но сепак учеството на пациентот и семејството во одлуките за нега останува ограничено. Пациентите често не се доволно вклучени во одлуките за нега. Помалку од половина од пациентите добиваат јасни информации за придобивките и ризиците на третманите за нивната состојба. Јакнењето на пациентите е во корелација со подобри здравствени резултати и квалитет на живот, како и други бенефиции. Јакнењето на пациентите во примарната здравствена заштита е поврзано со побрзо закрепнување во физичкото здравје и подобрување на емоционалното здравје. Доколку правилно се имплементира, значајното ангажирање на пациентите во нивна грижа има потенцијал да ги намали трошоците“ – вели за Радио Пела, претседателот на здружението СЛАП, Билјана Мирческа

Денот на солидарност на пациентите беше инициран од фондацијата Морис Мосес во Кенија во 2011 година. Членовите на ИАПО (Меѓународната алијанса на организации на пациенти) ја почувствуваа важноста на денот бидејќи директно ја поддржува визија и мисија да се обезбеди најдобар третман за пациентите во здравствените системи,со цел  пациентите да станат свесни за своите права и за одговорноста кои самите ги имаат за сопственото здравје.

 

 

Би можело да ве интересира

Повторно прекини во снабдувањето со струја на повеќе улици и села во Прилеп

Пела Редакција

Објавени повиците на МОН за финансиска поддршка на ученици и студенти

Пела Редакција

Финале на Пиво-фест 2022 (ФОТО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе