11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

МЕЃУНАРОДНА ПРЕСМЕТКА ВО ПРИЛЕП ВО ЖЕНСКИ ФУДБАЛ

Викендов, фудбалерките ќе се пресметаат со првакот на Црна Гора „Брезница“  во двојна фудбалска програма, в петок од 15 ч. и сабота од 11 ч. на теренот со вештачка трева . Со неколку нови засилувања со многу елан за работа и ентузијазам во редовите на прилепскиот ЖФК  „Прилеп“ ќе биде дочекан стартот на пролетната полуетапа. Веќе се провери и формата на фудбалерките со актуелниот првак Драгон. Во пријателски дуел и ревија на голови резултатот беше 3:3 . Два гола постигна Катерина Милеска и еден Сара Петреска. На клубот досега им се приклучија, Даниела Велеска од Драгон, Симона Тасева и Ана Мицкоска од Истатов, Елена Бошкоска од Тиверија и Верица Колевска од Топ Гол.

Р. Пела;  Каква е атмосферата во клубот помеѓу фудбалерките ?

Христина Аџулеска:  „Атмосферата е супер , имаме неколку нови засилувања, квалитетни играчи , искусни и мислам дека со нив ќе се искачеме на повисокиот дел од табелата во првенството. На почетокот на вториот дел од првенството не очекуваат два тешки натпревари, гостувања против екипата на Тиверија и Струга кои се клучни за нас за подигнување на рангот, квалитетот и самодовербата кај фудбалерките .“

Со одлични подготовки и посакувани засилувања заедно со костурот на екипата од есенската полусезона патот до успехот е неизбежен, а прилепските фудбалерки имаат екипа за висок дострел. Но,за нивните успеси сигурно ќе покаже продолжението од шампионатот. На ЖФК „Прилеп„ им претстојат два тешки дуели на стартот, а подоцна и преостанатиот дел од првенството, каде прилепчанки ќе бараат  излез  и во Европа…Зошто да не?!

 

Автор: Никола Димески

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Како Победа ќе го пречека Шкупи?!

Елизабета Филипоска

Тројца натпреварувачи – три медали за ЏК Сеишин

Елизабета Филипоска

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Кико со даунов синдром растура на татамите (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе