11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изложба и каталог на ретки и стари книги, големо зачувано богатство во прилепската библиотека

Во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп беше промовиран каталогот на стари и ретки книги и изложба  ,токму по повод патрониот празник на билиотеката.На изложбата беа претставени 203 наслови на стари и ректи книги што се објавени и во каталогот. Редактор на изложбата и на каталогот е Наде Караџоска, која потенцира дека книгите што се претставени на изложбата се само дел од збирката од околу 1000 наслови на ретки книги што ги поседува Библиотеката, а се издадени пред 1945 година.

“Од историски аспект старите и ректи книги се израз и потврда на вредностите и приликите кои постоеле на овие простори, отсликувајќи го начинот на човековото битисување и опстојување. Книгите се обработени и внесени во системот КОБИС . Библиотеката „Борка Талески“, како жариште на културата во општината, е една од ретките што поседуваат ваква збирка книги. “– вели Караџоска.

Една од ретки стари книги кои се наоѓаат во Библиотеката „Борака Талески“  е „Фамилијарната библија“, отпечатена во 1879 година, донесена од Канада, од  вработен од библиотеката, кому му ја подариле роднините од оваа прекуокеанска земја, романот „Рагни“ од 1891-та, делото „Даворје“ од Ј.С. Поповиќ, печатено во Белград, во 1892-та, „Истински служби“ од И.Н. Потапенко од 1892-та, исто печатена во Белград…

Промоторот на книгата „Каталог на стари и ретки книги“ ,Слободан Беличански  истакна дека  оваа изложба и каталогот треба да се сфатат и како повик до луѓето, никогаш книгите од својата семејна библиотека или случајно најдени книги, да не ги фрлат на улица или во ѓубре.

„Книгата не заслужува таква судбина! Мислам дека секоја книга, особено стара и ретка, заслужува да биде сочувана за идните генрации и за иднината. Односот према книгата е знак на еден цивилизаторски однос, на култивираност на едно опшество и на поединците во него. А, токму старите и ретките книги преставуваат редок дел од таквото културно населдство, независно на кои јазици се напишани и отпечатени. Во изложбата се опфатени книги во временски распон и хронолошки од 1879 г. до 1945 год. Првата книга по редослед е „Семејната Библија“ отпечатена на англиски јазик, која поминала океан да стаса овде ,и да биде чувана со должно внимание. Има книги кои се отпечатени и во нашиот град, меѓу двете Светски војни, кои се занимаваат со тутунската проблематика. Ќе наидете на книга кој зборува за Мариово, за неговите убавини, песни, шеги , носии; има историографска литература, а предначат, и најмогу ги има, книгите од областа на белетристиката.“- рече Слободан Беличански

Дел од книгите кои денеска се најдоа на изложбата и се дело од каталого тна ретки и стари книги, се набавуван од поимотните граѓани на Прилеп, а поголемиот дел  се подарувани или откупувани од Библиотеката.Најчесто книгите во овој период се на српскохрватски, бугарски и руски јазик ,а ,завршницата е со книги на македонски јази од 1944/45, значи книги кои што се отпечатани во новите услови, кога слободно можело да се изрази македонскиот културен и национален идентитет.

Би можело да ве интересира

Претставата “Стапица за глувци” одложена

Пела Редакција

Радоста и тагата на Мариовско – мегленските средби

Гордана Цветаноска

Сабота промоција на книгата „Културолошки точки на Македонија“ од Александар Јорданоски

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе