16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепските ракометари ја продолжуваат битката за опстанок

Единствениот ракометен супер лигаш од Прилеп ја продолжува сезоната во Супер машката лига. Натпреварот од 15 тото коло се игра денеска со почеток во 16 часот и 30 минути против Еурофарм Работник. Но, наместо на домашен терен, договорот меѓу двата клуба е прилепчани да играат во Битола како домаќини.
Поради финансиските проблеми со кои се соочува клубот екипата ја напуштија поискусните ракометари. Подмладената екипа ќе се бори за опстанок во лигата, што е основната цел да останат во најквалитетното друштво на Супер машката ракометна лига.
За прилепските ракометари следува тешка битка зашто уште четири кола остануваат до крајот на групната фаза во Супер лигата. Плеј-аут фазата се состои од десет одлучувачки натпревари во надежта дека РК Прилеп ќе обезбеди опстанок.

Би можело да ве интересира

Уште 4 дена до Европско, Македонија ќе игра пред полни трибини!

Се испотепаа кошаркарите на Прилеп (Мега Баскет) и Тетово (Тетекс)

Стомнароски: Победа треба да биде прва екипа респектирана од останатите клубови во лигата ( ФОТО + ВИДЕО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе