30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Уште 4 дена до Европско, Македонија ќе игра пред полни трибини!

Засега без ограничувања за публиката во салите во Будимпешта, Сегед и Дебрецин во Унгарија, каде Македонија настапува на ракометното машко Европско првенство. Македонската ракометна репрезентација своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Дебрецин, а прв противник на „црвено – жолтите“ ќе им биде Словенија, в четврток со почеток во 18 часот (ТВ пренос на МТВ), а во разигрувањето за противници ќе ги има и селекциите на Црна Гора и Данска.

Додека пак на трибините на средбите на Европското првенство кои ќе се играат во Словачка ќе има публика, но според последните вести капацитетот ќе биде исполнет само 25 проценти. Секој што ќе сака да биде на трибини ќе мора да има примено две дози вакцина, а покрај тоа постојано ќе мора да носи и маска.

Европското првенство во Словачка и Унгарија ќе се одржи од 13. до 30 јануари.

Би можело да ве интересира

Ветераните на припомош на РК Прилеп

(ВИДЕО) По 15ти пат во Прилеп се одржува меѓународниот џудо турнир „Прилеп град херој – Цевитана Куп 2025″

Грузијците за ракометот: Во Македонија е многу важен ракометот како спорт (ВИДЕО-ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе