9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Одбележана 120 годишнината од смртта на Методија Патчев

Денеска се одбележаа 120 години од смртта на револуционерот Методија Пачев, охриѓанец, која загинува од турскиот аскер, во прилепско Кадино Село.

По повод 120 годишнината, цвеќиња на гробот на Методи Патчев положија претставници од Општина Прилеп, Совет на Општина Прилеп, претставници од ООУ „Страшо Пинџур“, претставници од политичките партии, патриотски здруженија и почитувачи на неговиот лик и дело.

Панихидата во чест на великанот Методи Патчев ја изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар ,а  градоначалникот на Прилеп , Борче Јовчески и Претседателот на Совет,  Дејан Проданоски и  денеска беа присутни на одбележување на 120 години од смртта на Методија Петчев во Кадино Село, додека пка учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ со рецитали, песни и реферат потсетија на големото револуционерно дело на Патчев, како и на денот кога тој загинал заедно со својата чета.

Методија Патчев загинал откако бил предаден во 1902 година во Кадино Село за слободна Македонија .Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.

Тоа се херои, гледајте како се бореа за својата идеја и сами се убија„, им рекол турскиот потпоручникот Нијази-бег и наредил почесен плотун над мртвите тела на комитите и нивниот војвода Методија Патчев, во прилепско Кадино Село, на 7 април 1902 година.

Така завршил животот на војводата Патчев, кој е роден на 20 мај 1875 година и имал само една година, кога на другиот крај од Македонија, на истокот, на 20 мај 1876 година било дигнато Разловечкото востание.

Патчев е еден од најпознатите македонски револуционери од периодот пред Илинденското востание. Делото на ТМРО му било над се, а со своите постапки секогаш бил правичен и бескомпромисен.

Би можело да ве интересира

Стојчевска: за 2024 година одделивме средства од буџетот за нов театар во Прилеп

Пела Редакција

Со положување на цвеќе пред спомен обележјата Прилеп го одбележа 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Елизабета Филипоска

(Видео) Репроценка на имотот на прилепчани за рамноправна наплата на данокот на имот

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе