ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Денеска е Светски Ден без автомобили.

1.407

Светскиот ден без автомобили,22-ри септември  го слави движењето со пешачење, со велосипед, со тротинет, со јавен превоз.. а има за цел да поттикне иницијатива за ремоделирање на градовите во насока на поддршка на ваквите модели на транспорт и приближување на јавниот простор, пред сè улиците, поблиску до луѓето.

Идејата на овој ден е да се даде слика ,како би изгледале улици со помалку автомобили. А, одбележувањето на денот треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.

Над 1500 градови во светот денеска го прославуваат овој ден. Стотици градови во Европа и светот овој ден го одбележуваат со затворање на улици или цели делови од градовите каде луѓето можат слободно да се движат и да обавуваат различни активности.

Истовремено, овој потег има цел да ги поттикне луѓето, барем на тој еден ден, да го остават дома автомобилот кој важи за нееколошко и неефикасно транспортно средство и да размислуваат за други начини на превоз.

Светскиот ден без автомобили е последен ден од Европската недела на мобилност со кој се заокружуваат сите активности на овој традиционален настан. Се одбележува  од 2000 година, кога 760 градови ја поддржале оваа идеја. По примерот на другите градови, првенствено се започнува со затворање на само неколку улици во градот, за потоа, во секоја наредна година, бројот на тие улици да се зголемува.

 По повод Светскиот Ден без автомобили групацијата #ПрилепНаТочак# испрати барање до Градоначалникот на Прилеп во кое побараа на  овој ден 22.09.2018 да биде затворен булеварот на потегот од раскрсница Бул. „Гоце Делчев“ со ул. „Кузман Јосифоски“ до раскрсница Бул. „Гоце Делчев“ со ул. „Прилепски Бранители“Но, на својата facebook страна информираа дека настанот Car-Free Day се откажува, бидејќи поднесителите на барањето не ја испочитуваа законската рамка за доставување на барањето, па не добија можност да го обезбедат одобрението навремено. Но, како  да е ,за велосипед,секогаш има време, па #ПрилепНаТочак# најавија дека некој убав октомвриски ден настанот ќе го реализираат.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе