CSS Template

Донација на болнички кревети за прилепската болница

357

Општата Болницата „Борка Талески“ -Прилеп доби вредна  донација , 44 електрични болнички кревети.  Донатори се Меѓународната организација „Пламен на Мирот“ од Виена,  меѓународната невладина организација „Суверен болнички ред “Св. Јован од Ерусалим”(Sovereign Hospitaller Order of St. John of Jerusalem),   во соработка со Ротари клубот од  „Прилеп“ и Лајонс клуб- „Вардар“ .

Донацијата, чија вредност е околу 40.000 евра, беше денска предадена на Градската болница „Борка Талески“  Прилеп ,во присуство на многу гости и преставници од донаторите. На примопредавањето беше присутен и градоначалникот на Прилеп,Илија Јованоски, кој се заблагодари за донацијата и ја истакна важноста на ваквите донации ,кој кака што рече тој „успеват да обезбедат непречена работа и  поквалитетна здравствен услуга„

Директорот на Општата Болницата „Борка Талески“-Прилеп Драгана Богоески им се заблагодари на донаторите и рече

 Овие се кревети со електричен погон,со хидраулика,кој се многу порактични за функционирање и за одредув ање на позицијата на пациентот.Ќе ги искористиме,во главно нивното распределување е во деловите за интензивна нега,во соодветните одделенија .Вишокот од тие кревти ќе се распредели  по другите одделенија ,каде што имаме потреба,претежно хирургија,ортпедија ,интерно,каде има „поттешки пациенти“-рече Богданоски додавајќи дека секогаш има место за нови донација и за хуманоста.-истакна Богоески

 

Во име на меѓународната организација „Пламен на мирот“ се обрати претседателот Никола Блајбершник.Тој рече:

„Уште истиот момент, заедно со секретарот на локалната организација Пламен на мирот во Македонија, Жан Станоевски, одлучивме да се вклучиме во реализација на проектот преку нејзино прифаќање и транспорт до болницата во Прилеп. Притоа, добивме огромна помош од спонзори и помагатели за покривање на трошоците за успешно реализирање на целокупната операција“, рече Блајбершник при денешното доделување на креветите во градската болница во Прилеп.

Проектот за донирање на електрични болнички кревети почна уште во декември 2017 година, кога Суверениот болнички ред „Св. Јован од Ерусалим“ најавил дека има контингент користени болнички кревети од болница „Св. Џорџ“ од Лондон.

Хуманитарната акцијата за донирање на кревети во болницата ја спровеле сите фирми од групацијата НОВОМАТИК, компаниите CSConstan, Kuehne+ Nagel (Кине Нагел), Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија, Лајонс клубот „Вардар“ и Ротари клубот „Прилеп“.

 


semm
Vivafarm
Penata
Farma Dolneni