18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Нов асфалт за „Самоилова“ и „Војводинска“ во населба Точила

Градежни активности се изведуваат на улиците „Самоилова“ и „Војводинска“ во населба „Точила„, Денеска, градежните екипи започнаа со асфалтирање на ул. „Самоилова“, во должина од 1,4 километри.

Паралелно,  пак, на „Војводинска“ се работи на отстранување на стариот слој на асфалт и се прават неопходните подготовки за асфалтирање на улицата во должина од 700 метри.

Двете улици кои ја поврзуваат населбата Точила со останатиот дел од градот, беа во лоша состојба и со голем број на ударни дупки. Со нивната реконструкција, улиците „Самоилова“ и „Војводинска“ добиваат целосно нов лик, а граѓаните на Прилеп добиваат две новоасфалтирани улици по сите современи стандарди, во вкупна должина од 2,1 километри – информираа од локалната власт на Општина Прилеп

 

 

 

Би можело да ве интересира

Љубов и вино – поетско музичка вечер за Св. Трифун и Денот на љубовта

Гордана Цветаноска

Кој ќе раководи со ФК Победа ?!

Гордана Цветаноска

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе