11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Поројниот дожд ги изгасна пожарите во прилепско

Благодарение на дождот, пожарите кои се појавија во прилепско, денеска не се активни.

Во Прилепско гореше ниска вегетација во село Канатларци, ниска вегетација во село Алинци, ниска вегетација во село Тополчани кон село Тројкрсти, како и депонијата и ниска вегетација кај село Дебреште.

Инаку, над 50 пожари до вчера беа на активни на отворен простор во Македонија, од кои повеќето не се прошириле благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на пожарникарите на територијата на земјава, информираат од ЦУК.

Но, главно во деактивирањето на пожарите учестуваше и порониот дожд што ја зафат ицелата територија на земјата. Сепак, ризикот од пожари ќе биде актуелен и во текот на август, бидејќи според метеоролошките прогнози, се најавува стабилизирање на времето и повторно зголемување на температурите, се вели во соопштението на ЦУК.

Во овој момент, додаваат оттаму, нема активни пожари!

Би можело да ве интересира

(Фото) Колони возила, шумски пожар на патниот правец Прилеп- Росоман

Гордана Цветаноска

Четири дена ракометна возбуда во чест на ракометната легенда “Миле Нешкоски” (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Донациски базар „Сестрите за сестрите“ за собирање средства потребни за лекување на деца

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе