5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Заеднички иницијативи на Општина Крушево и Францускиот институт

На 7-ми јуни Општина Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, ЈП „Комуна“ во соработка со Институтот, МАНУ, „Гоу Грин“ (Go Green) и Амбасадата на Швајцарија ќе организираат голема акција за чистење од пластика, на три пункта во општина Крушево меѓу кои спаѓа и слетиштето за параглајдеристи меѓу Врбоец и Св. Митрани како илустрација за посветеноста на општина Крушево и нејзините партнери во подобрување на условите за развој на туризмот во Крушево.
Дополнително, во соработка со основното и средното училиште ќе се работи на запознавање и промоција на францускиот јазик во Крушево преку натпревар за најдобри литературни творби со вклученост на учениците од двете училишта. Натпреварот за литературните творби, односно содржината на творбите, покрај промоцијата и употребата на францускиот јазик, ќе ја опфати темата на јавна хигиена со цел подигање на свеста за важноста од здрава и чиста животна средина.
Ова беше договорено на денешната средба во кабинетот на градоначалникот Томе Христоски, на која присуствуваа директорите на основното и средното училиште Оливера Чавкароска и Снежана Миленкоска, и Емануел Рембер, Љупка Димова и Бранко Чобанов од Францускиот институт во Скопје. Општината  и институтот заедничките иницијативи ќе ги реализираат на планот на образованието и екологијата. Исто така, ќе бидат потпишани неколку меморандуми кои ќе бидат основа за продлабочена понатамошна соработка во повеќе други области.

Би можело да ве интересира

Полицаец спаси жена од водите на Крушевско езеро

Пела Редакција

Августовската пензија во септември, за пензионерите кои нема да извадат сметка во други банки

(ВИДЕО)Нема пари – нема тутун, вака започна тутунскиот откуп!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе