26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Барањата на работниците од „Еурокомпозит“ пред разрешница, Владата го усвои Предлог законот, на ред е Собранието

Владата го усвои и до Собранието го достави Предлог законот за претворање на побарувањето на државата по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп. Со тоа се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост,се вели во соопштението.
Практично ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што, како што велат од владината прес служба, се исправа повеќегодишната неправда кон вработените и ќе им биде евидентиран остварениот работен стаж во компанијата за да можат соодветно сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.
Со овој закон се уредува начинот и постапката за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп“ – се додава во соопштението.
Законот е доставен до Собранието на Република Македонија и во согласност со агендата на Собранието, од Владата очекуваат да биде усвоен во што е можно покус временски рок.

Би можело да ве интересира

Тутунскиот откуп заврши, се договараат новите цени

И, во 2021 во фокусот на компанијата Комфи Ангел е човекот, неговата среќа и здравје!

Јакимовска: Заедно можеме да направиме големи промени во заштитата на работничките права!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе