2.2 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Заев од Прилеп: Не прифаќаме никакви алтернативи, туку само полноправно членство во ЕУ

„Прогресивен Прилеп е на правиот пат, а тоа не е нешто ново, зашто Прилеп е нашиот правец кон иднината и слободата“, вака ја започна денешната трибина , во рамките на кампањата „На прав пат“претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
– Уште далечната 1941 година кога се дигна гласот за слобода од Прилеп,охрабрувајќи ги прилепчани, но охрабрувајќи ја и цела Македонија. Ние сме овде да служиме, да носиме крупни одлуки, храбри одлуки, одлуки кои што живот значат за да ни е биде Македонија, за да ни останат граѓаните и младите тука, за да непрепознае светот и за да бидеме рамо до рамо со нив, потенцираше Заев во своето обраќање.
Во врска со неодамнешната одлука на Европскиот Совет за нашето членство во ЕУ, претседателот на СДСМ, децидно нагласи дека станува збор за нефер и разочарувачка одлука .
– Овие денови стигна една голема горчина од ЕУ. Но , барем е на чисто работата. Потврдија сите дека сработивме се’ што се очекуваше од нас. Дека реформите се завршени, дека постигнавме билатерални договори кои што се за пример. Дека никој повеќе не зборува за меѓуетнички тензии во државата, а пред 2 и пол години тоа беше во центарот на етерот и на вниманието и дома и надвор. Дека навистина сме светлиот пример за Балканот и потврда за атракцијата и примамливоста на Европската Унија. И тоа го зборуваат сите светски лидери. Генералниот секретар на ОН каде што се сите 193 земји членки, почнува и завршува говор со Преспанскиот договор. Тоа е потврда за патот по кој што одиме и само треба да го унапредуваме, рече Заев.
За европските перспективи на Македонија, Заев нагласи дека нема друга алтернатива:
– Јас сум обичен човек, гледате кога стигна историската грешка како информација од Европскиот Совет, не повреди сите, ни допре во душата, не ни беше лесно. Неправда. Горчина. Навистина не фер кон нас. Затоа што ни ветија. Ни ветија: испорачајте, ќе испорача и ЕУ!

– Дискутираа до 2 и пол часот сабајлето за нас. И за жал, се случи неправда. Но, јас ве уверувам дека и од таа неправда, оваа наша мала земја, ќе изникне како Феникс, затоа провејува поентата, Европа зборува за неправдата, целиот свет зборува за неправдата. И од тоа и тоа како ќе искористиме. Ќе искористиме брзо да не вратат заисправноста на одлуката. Таа што ја заслужуваме и никако поинаку!
Не прифаќаме никакви алтернативи, пактови, партнерства и незнам какви економски проекти за нас! Ние сме за полноправно членство во Европска Унија! Затоа што Европа е и наша. Затоа што го имаме целото право за Европската Унија , како и граѓаните и на Холандија, и на Франција и на Германија, потенцираше Зоран Заев.

Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски ги истакна проектите кои се реализирани, или тековни.
До крајот на оваа градежна сезона стадионот ќе биде пуштен во употреба.Како дел од проектите на кои работеше и сеуште работи локалната власт во Прилеп, градоначалникот Јовановски ги истакна дневниот центар за детска парализа, новите автобуси на метан,новиот мост на градската река широк 20 метри со 4 ленти, комплетно преуреден просторот на Марковите кули,а готов е и проектот за езерото околу кое комплетно е уредено со мултикултурни содржини кое ќе се гради следната година.
Општина Прилеп неуморно работи и на уште големи проекти планирани за периодот кој следува, како булеварот од вредност од 1 милион евра, реновирање на градската чаршија, затворен базен и детска градинка и театарот во Прилеп.
Трибината во Прилеп се одржа во преполна сала на Центарот за култура Марко Цепенков.

Би можело да ве интересира

Бунтеска: Прилеп со новата локална власт со сигурност го враќа стариот препознатлив сјај!

ОО на СДСМ: Во Прилеп поскапува градскиот превоз

Пела Редакција

Ново партиско раководство на МААК во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе