3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Сеуште е под „будно око“ шумскиот пожар кај манастирот Св. Преображение

Вака, по пожарот  изгледа дел од опожарената крушевска планина, Бушева Планина, богата со густа борова и дабова шума, која, под претпоставка, од невнимание на човечки фактор, е оставена во црнило и саѓи! Во опасност , синоќа беше ставен и манастирот Св. Преображение.

А,

Но, пламените јазици се сeуште опасност за манастирот Св. Преображение –Крушево, па ситуацијата внимателно се следи од ТППЕ , иако пожарот е ставен под контрола . Поради непристапниот терен авиони од ДЗС (Дирекцијата за заштита и спасување) се вклучени во каснење на шумскиот пожар во Крушево , кој зафати, во пламен, илијадници хектари борова и дабова шума на Бушева Планина,  а гори и нискостеблеста шума  кон врвот „Мусица“ .

–  Пожарот, моментно, се движи кон планинскиот врв „Мусица“, но благдарение на  ТППЕ , екипите на ДЗС и голем број волонтери од Крушево , кои  ,утрово  се одѕваа на повикот на градоначалникот, Томе Хирстоски, за спас на шумите и манастирот, пожарот се става во контрола- велатод локалната самоуправа

 

Манастирскиот комплекс e познат по тоа што е возобновен од македонската музичка легенда, Тоше Проески.

Пожарот кој стигнал во близина до манастирот Св.Преображени-Крушево, избувнал вчера на пладене, и веднаш биле активирани ТППЕ и екипи од ДСЗ, вработените од ЈП „Комуна„ и ПСШ „Липа“- Крушево, шумската полиција, кои се обидувале со огромна надчовечка сила, да го спречат наближувањето на пожарот до манастирот.

 

Причините, за настанатиот пожар и огромната штета на шумскиот фонд допрва ќе се утврдуваат. Но, како што велат надлежните , пожарот е настанат од човечко невнимани.  Екипите на ТППЕ и ДЗС и понатаму остануваат на терен, будни, бидејќи поради временските прилики,  сеуште  има можност пожарот да се реактивира.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа,  без дозвола од редакцијата!

Би можело да ве интересира

Ново амбулантно возило за болницата, донација од турската владина агенција „ТИКА“

Гордана Цветаноска

Функционерските плати идната година ќе скокнат за 300 до 500 евра

Пела Редакција

Потрагата по 14 годишната Вања сеуште трае!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе