5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Пакомак и Шпаркасе Банка донираа детско игралиште за Прилеп

НАЈ Еко општина за 2018 година’ ,Општина Прилеп , доби донација од Шпаркасе Банка Македонија и „Пакомак“, ново детско катче, детско игралиште ,  поставено како нов еко елемент во Паркот на револуцијатана, за огрмоно  задоволство на децата.ѐ

Општина Прилеп беше  победник на конкурсот за НАЈ Еко градоначалник за 2018 година, заради   придонес во селективното собирање отпад,собирање стакло преку HoReCa сегментот, пораади бројни закции за зазеленување на големи површини, како и за постигнување здрава и одржлива животна средина и намалување на необновливиот отпад. Со тоа градоначалникот на Прилеп , Илија Јованоски ја доби титулата „Нај еко градоначалник“ за 2018.

 

 

Генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија,Глигор Бишев при оваа прилика рече:

„Шпаркасе Банка и ‘Пакомак’ заедно повеќе години наназад работат на подигнување на свеста за здрава животна средина, за еколошко живеење. Го организиравме настанот ‘НАЈ Еко општина за 2018 година’, за општина која има највисоки стандарди во зачувувањето на човековата околина, грижа за зеленилото и здравото живеење и задоволство е што оваа награда ја доби Општина Прилеп. Продолжуваме и понатаму да ја подигаме свеста на граѓаните за оваа проблематика. Ова е признание не само за градоначалникот Илија Јованоски, туку и за сите граѓани на град Прилеп кои покажаа како е да се живее во здрава и чиста животна средина“, истакна Глигор Бишев, генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија.

Преставникот од Пакомак во посета на Прилеп и пуштање на детското игралиште рече:

„ Слушнавме од градоначалникот за многу работи кои до сега се реализирани, но и за оние кои допрба ќе бидат реализирани, со што се потврдува нашата одлука дека се број еден во Македонија. Со бројките со кои ние располагаме за собрана амбалажа на отпад на ниво на Македонија, можам да кажам дека многу општини од Прилеп можат да учат како да се собира амбалажниот отпад и како да допринесат тој отпад да не завршува на депонија, туку да заврши во фабриките за рециклирање“, истакна Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници од „Пакомак“.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски го истакна приоритеот на општината за здрава  животната средина.

„Заедно со комуналните претпријатија правиме напори да ги подобриме услови за живеење на нашите граѓани. Со овие чекори што ги преземавме досега, како и со оние кои што се зацртани за иднина, покажавме дека знаеме и дека можеме тоа да го направиме. Сакам да потенцирам дека со целата наша посветеност работиме на подобрување на енергетската ефикасност во сите детски градинки, училишта. ЈКП ‘Комуналец’ во континуитет учествува во подобрување на животната средина во градот со чистење на каналите на Градската река, на Дабничка река, чистење на сите диви депонии во нашиот град. Општина Прилеп и ЈКП ‘Комуналец’ се први во примарната селекција на отпад, набавивме и камион за собирање на отпадот и преса за пакување на пластичниот отпад. Исто така набавивме и 4 нови автобуси на метан, а направивме и две фотоволтаични централи во Центарот за лица со детска парализа, како и во дел од градскиот пазар, со што покажавме дека се грижиме за здрава и чиста животна средина во нашиот град“, посочи градоначалникот Јованоски.

Би можело да ве интересира

Кај Оревоец: Багерите мируваат – Блокадите продолжуваат

Како да се уништи природата и зошто?

„Локви“ споменик на природата, дом на Вилинското ракче единствено во светот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе