-0.5 C
Прилеп
сабота, 8 февруари, 2025
Пела Радио

Крушево ќе добие 62.000 швајцарски франци за проекти и транспаретност на Советот

Крушево ќе добие 62.000 швајцарски франци за имплементација на приоритетни проекти и за подобрување на транспарентноста.  За таа цел, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети” крушвскиот градоначалник Томе Христоски и претседателот на општинскиот Совет, Тома Петроски потпишаа Меморандум за соработка со Програмата за развој на ОН (УНДП) .

Како што соопшти локалната самоуправа, Крушево е една од деветте општини кои се дел од последната фаза на овој проект, кој опфаќа неколку компоненти: градење капацитети на советниците преку одржување на обуки и врежување на советниците, финансирање за имплементација на иновативни алатки за подобрување на транспарентноста на Советот, како и финансирање на еден до трите проекти до максимална вредност до 50.000 швајцарски франци. Средствата ќе бидат одредени преку форуми на заедниците.

Проектот „Зајакнување на општинските совети”, вреден 3,4 милиони швајцарски франци е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементиран од УНДП во партнерство со министерствата за локална самоуправа и за финансии, со заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружението на финансиски работници и Телото на ОН за родова еднаквост и унапредување на жените (УН Жени).

Би можело да ве интересира

„Втора светска војна, завршни операции – капитулација на оската“- трибина на Сојузот на борци – Прилеп

Гордана Цветаноска

Почна реконструкцијата на улицата „Леце Котески“

Пела Редакција

(ВИДЕО)Нема договор за повисоки откупни цени на тутунот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе