11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепската касарна денес во чест на патронот Мирче Ацев

Касарната „Мирче Ацев“  Прилеп, го  одбележа патрон празник , 77 години од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев, на 4-ти јануари 1943 г

Чествувањето започна со положување на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој, која се наоѓа во кругот на касарната, а потоа одбележувањето продолжи со пригодна програма во која учество зедоа учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ .

На свеченоста свое обраќање имаше командантот на касарната „Мирче Ацев„, потполковник, Ѓорѓи Василевски кој истакна :

 

„Мирче Ацев преставува големина која за нас војниците има и тоа како големо значање. По неговата смрт започна и фoрмирањето на првите воени  формации на овие простори . Оттука се зачетоците на модерната македонска армија. Неговата верба и убедување дека само со добо организирани единици и здружени формации ќе се спротистави на агресорот, и денес ја споделуваме ние војниците и старешините. Оваа година токму во една таква здружена организација влегуваме како 30 членка. НАТО сојузот впрочем ја дели истата идеа на Мирче, дека само здружени и добро организирани ќе може да му се пркоси на секаков облик на закана, било да е конвенционална или неконвенционална. Довербата која армијата ја ужива кај својот народ секојдневно ја зголемуваме и потврдуваме со нашето присуство и на границите – во спроведување на мигрантите, но и во моментите при справување со елементарни непогоди„ -истакна Василевски

Покрај касарнта името на Мирче Ацев го носат и неколку значајни институции во Прилеп, Прилепсктта Гимназијата ,КУД “Мирче Ацев“ ,а во негова чест е именувана и улица . Во чест на Мирче Ацев, првиот баталјон на Народноослободителната војска на Македонија, формиран на 18 јули 1943 година, го добил неговото име. А,во негова чест и во чест на Страшо Пинџур,со кого заедно загинуваат во Скопскиот затвор,измачувани од бугарскит фашисти,  се испеани и песните „Ајде ќе те прашам, бре Донке“ и „Вардаре горд, подзапри

Би можело да ве интересира

Гори Дабничко, Радобил и Секирци – прилепските пожарникари на 3 фронта

Пела Редакција

До каде се градежните работи на делницата Фариш – Дреново?!

Елизабета Филипоска

Железничкиот премин го блокира патничкиот сообраќај во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе