30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Горивата поскапуваа од полноќ

Од полноќ Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 89 ден/лит, а Еуросупер БС-98 за 91,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 93,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 90 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,128 ден/кг со што новата цена ќе биде 51,686 ден/кг.

Би можело да ве интересира

Прилепчани нема да престанат со блокади – камионите Бехтел и Енка активирани

Канатларци до март долгорочно ќе ги реши децениските маки со водоснабдувањето

Штрајк на вработените во ФЗО, во подрачните единици само по едно лице за прием на документи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе