0.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Прилепскиот Комбинат минатата година ја завршил со добивка

Тутунски Комбинат АД Прилеп 2019 та ја завршил со добивка од 39,2 милиони денари. Овој резултат на Тутунски Комбинат е подобрување на билансот на успехот во однос на претходната година, кога компанијата имала загуба од 188,2 милиони денари, покажува неконсолидираниот успех објавен на Македонска берза https://www.mse.mk/ .
Во образложението кон постигнатите резултати од работењето на Тутунски Комбинат АД Прилеп се вели дека:

„Причината за остварување на овој позитивен финансиски резултат лежи во подобрување на продуктивноста и пред се се’ должи на заминувањето на 222 лица на доброволна основа со отпремнина. Покрај тоа оперативната добивка за минатата година , наспроти оперативната загуба за 2018 година, се должи на инвестициите за зголемување на енергетската ефикасност со што значително се намалиле трошоците за енергија“, се вели меѓу другото во образложението од компанијата.

Оперативните расходи биле намалени за 16, 8 %, пред се’ заради намалувањето на ставката „Трошоци за вработени“, како и за набавка на стоки каде се бележи намалување на трошокот за електрична енергија и метан.
Како што се наведува во образложението Тутунски Комбинат Прилеп добивката целосно ќе ја искористи за покривање на загуби од изминатите години.

Би можело да ве интересира

Жителите од еколошко подрачје Порече отсечени од главниот град на државата

(ВИДЕО) Ристески во обиколка на прилепските маркети: Мерката “Новогодишна кошница“ успешно се спрoведува

Пела Редакција

Две минимални плати не се доволни за основните потреби од храна и за режиски трошоци во семејството

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе