7.1 C
Прилеп
сабота, 7 декември, 2024
Пела Радио

Осми март, зошто се одбележува?

Кај нас, за овој празник карактеристично е подарувањето на цвеќе, организирани патувања, ресторани, додека суштината на овој ден, се поврзува со борбата против женската трудова експлоатација, борба за поголеми економски права и родова рамноправност.

 Кога се појавила идејата за одбележување?

Во почетокот на 20 век во време на индустријализацијата и економската експанзија се појавила идејата да се одбележува празник посветен на жените, во период, кога биле чести протестите против лошите работни услови.
Денот на жената се одбележува заради сеќавањето на пожарот во текстилната фабрика Триангл Шртвеист, во Њујорк 1911 година, во кој загинале над 140 жени. Демонстрации за поголеми права на жените и подобри работни услови, се одржувале низ годините, а најпознати биле маршот во 1908 година, кога 15.000 жени марширале низ Њујорк барајќи подобро работно време, подобри плати и право на глас.
Првиот ден на жените е одбележан на 28 февруари 1909 година, а во 1910 на Првата меѓународна конференција на жените е одлучено да се празнува Меѓународен на жената без да биде точно определен датумот.

Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин. Веќе идната година празникот го одбележале милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8ми март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири во знак на рамноправност.

Демонстрациите по повод Меѓународниот ден на жената во Русија биле прво скалило на руската револуција. По Октомвриската револуција, болшевичката феминистка Александра Колонтаи го убедила Ленин 8 ми март да стане државен празник.
Државите на Запад Денот на жените главно престанале да го одбележуваат во 1930-тите години, во дел и поради тоа што го поврзувале со комунизмот.

Меѓутоа, феминистките повторно почнале да го слават во 60-тите години. За Меѓународна година на жената прогласена е 1975. Тогаш Обединетите нации почнале официјално да го одбележуваат Меѓународниот ден на жената. Еден од позначајните документи што се однесува на правата на жената е Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година. Оваа Конвенција е позната и како „Женски закон“.
Меѓународниот ден на жената 8 ми март денес, е државен празник во Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина.

Би можело да ве интересира

Слава му – 66 години од смртта на Ченто

Гордана Цветаноска

(Видео спот) Виножито ќе учествува на евроизборите во Грција – „Зборувајте го нашиот Македонски јазик на Вашите деца“е една од пораките во спотoт

Елизабета Филипоска

Првороденото дете во 2024 во Прилеп е женско

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе