1.1 C
Прилеп
сабота, 8 февруари, 2025
Пела Радио

Прилепската шивачка од најлонски кеси неуморно шие капи за медицинските лица

Македонка Ристеска, професионален шивач, со самостоен шивачки дуќан, неуморно, сама шие,  заштитни капи и калоши, („штитници“  за обувки), од најлонски кеси,  за еднократна употреба,  за медицинските лица.  Шие по 300/400 парчиња на ден,  а работата ја започнала пред две недела.

Најпрвин, набавила сама најлонски кеси, се приклучила кон социјалната група за помош на медицинскиот персонал и во недостиг на работа, ( шиење фустани, здолништа итн поради вирустот) , и , со мислата „подобро џабе работи, џабе не седи“,  таа одлучила својот шивачи салон да го пренамени за потребите на лекарите и медицинските сестри.

Тоа се обични најлонски кеси кои се продаваат во маркет . Својата изработка им ја понудила на здравствените работници, најпрво во ЈУ Здравствениот дом – Прилеп, а потоа побарувањата се зголемиле и за потребите на Општата Болница „Борка Талески“ – Прилеп.

“Снема работа, но сакав да бидам активна . Цели месец размислував како да бидам корисна и се вклучив во социјална мрежа за донација ,  каде ја понудив мојата работа без профит. Прашав кај медицинските лица и рекоа дека од најлон заштитата, може да послужи за една употреба. И, така почнав. Купив најлон кеси, копчарот ми даде бесплатнен конец- ластик  и направив неколку заштитини капи и им ги понудив на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп“-  раскаживува за Радио Пела, Ристеска

При недостиг на најлон кеси , така побарала помош од донатори. Но, не наишла на разбирање кај дел од прилепчани.

 

За нејзината иницијатива дознала госпоѓа од Охрид, која имала фабрика за производство на најлон кеси и таа деновиве и донирала над 10.000 парчина најлонски кеси. Сега Македонка неуморно шие за сите здравствени работници. Салонот е полн со најлонски кеси, кои се селектирани уредно, по боја , за секоје болничко одделение ,одделно.

Таа апелира и ги поттикнува сите оние кои имаат дома машини за шиење да ја преземат нејзината идеја и да почнат креативно да придонесуваат во изработка на најбараниот матерјал, медицинска заштита.

“Кој има дома машина за шиење, кој е слободне, нека дојди , јас сега ќе му дадам најлони, ќе му дадам и конец,  ќе им ја покажам техниката на работа и задно да придонесуваме во изработката на што повеќе заштитни средства за една употреба за  здравствените работници. Но, овие заштитни капи и калошки можат да послужат и за медицинските лица од здравствените амбуланти, за заштита на продавачите во маркетите, на аптекари итн. Докторите од инфективното одделение од Прилеп се презадоволни и велат дека им требаат многу,  бидејќи се за една употреба, како, заштитните капи, така, и калошите за на нозе, ,и се фрлаат. Затоа е потребно да се  вклучат повеќе луѓе во нивна изработка. Во моментов се вклучени мои две пријателки, но потребно е турбо да се изработуваат. Затоа, добредојдени се сите кои сакаат да работат. Треба да бидиме корисни,  да ги заштитиме нашите здравствени работници“ – потенцира, Ристеска со насмевка и надеж дека и други занаетчии ќе се вклучат во нејзината иницијатива.

Сега, Македонка Ристеска вели е исполнета ,бидјеќи помага, и е сеќна што дава свој придонес во заштитата на лицата кои денес се на првата борбена линија во борбата против пандемијата , и најдефицитарни  – медицинските работници!

Целиот разговор мож да го погледнете и на нашата facebook страна: https://www.facebook.com/radiopela/ #SediDomaSoRadioPela емисија емитувана од 06.04 2020 година

Би можело да ве интересира

Пораките да се почитуваат – велигденска инспирација!

Елизабета Филипоска

70 години списание „Стремеж“

Пела Редакција

Башеска: Борбата меѓу доброто и злото е моја инспирација

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе