21.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Уште 2 случаи со Ковид 19 регистрирани во Прилеп

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице, информираше министерот Венко Филипче преку социјалната мрежа Фејсбук.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје- 143
– Дебар – 45 од кои 2 починати
– Куманово – 20 од кои 1 починат
– Штип – 8
– Прилеп – 8
– Тетово- 4
– Охрид- 3
– Велес – 3
– Струга – 3 од кои 1 починат
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1

Утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Би можело да ве интересира

Заедничко 8-мо мартовско пладне со музика, медењаци и уметност, во организација на ЛАГ Агро Лидер

Пела Редакција

Голема турска бизнис делегација во возвратна посета на Прилеп (ВИДЕО)

Уапсени двајца прилепчани за намерно опожарување возило

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе