15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Трипуновски: обезбедено привремено решение за наводнување на левата падина од Прилепско поле

По известување на подружницата на Прилепско поле денеска преку ФБ статус ресорниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски информираше дека нарпавено е бајпасирање-премостување на проблемот со дефектот од главниот цевковод кај местото викано Сарика со цел да се обезбеди вода за поголем дел од земјоделските површини од левата падина. Како што се наведува во информацијата во моментов со дополнително зафаќање вода од малата акумулација Волково 2 е обезбедено наводнување на 85% од површините, до целосно санирање на дефектот наредниве денови.

„Во текот на денешниот ден на Прилепско поле нашите стручни служби успешно направија бајпасирање на доводот на водата од десна кон лева падина, со што е обезбедена вода за површините опфатени со техничкиот дефект на системот за наводнување.  Се активираше и резервен капацитет од малата акумулација Волково 2, со што веќе е обезбедено наводнување на 85% од површините зафатени со дефектот. Санирањето на дефектот ќе биде завршено во наредните денови, а до тогаш наводнувањето ќе продолжи непречено да се одвива преку алтернативните водови кои ги активиравме. Ја разбирам важноста на навременото наводнување за вашите посеви, се залагаме секој проблем да се реши брзо и ефикасно. Нашите тимови непречено работат за да обезбедиме континуитет во водоснабдувањето,“ стои во известувањето на ресорниот министер Трипуновски, објавено доцна попладнево.

Би можело да ве интересира

Од утре нема одење во шума! Ќе следат казни!

„КЛИМЕНТОВЦИ“ знаат – вреди да се штеди

Пела Редакција

И репрезентацијата на Шведска ќе тренира на стадионот од ФК Големо Коњари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе