16.7 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

Корона состојбата денес: 4 заболени, 16 хосптализирани, тројца починати…

 Регистрирани нови 4 случаи на позитивни на коронвирус во Прилеп, а од инфицираните лицата  со овој вирус, нема нови оздравени.

Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица позитивни на КОВИД-19 и сите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти. Во самоизолација се наоѓаат 228 лица, а во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.

Вчера на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Во текот на вчерашниот ден во Прилеп почина уште едно лице – жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома.

„Доколку дозволат временските услови, денеска и утре ќе биде спроведена акција за дезинфекција на улиците во повеќе населени места во општината. Дезинфекционите средства ги обезбеди Општина Прилеп, а дезинфекцијата ќе биде реализирана со земјоделска механизација на месното население.  “-информираат од Општина Прилеп,од одделнието за односи со јавност

Би можело да ве интересира

Децата, учениците и студентите на принуден распуст ?!

Гордана Цветаноска

Нови 2 случаи позитивни на Ковид 19, затворена текстилна фабрика

Гордана Цветаноска

Comfy Angel дел од проектот Среќа #ијассумдедомраз#

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе