29.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ДИК со ждрепка го утврди редоследот на гласачкото ливче за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница со ждрепка го утврди редоследот на гласачкото ливче за претстојните избори за градоначалници и за советници, односно редниот број под кој ќе настапат парламентарните, вонпарламентарните партии и коалиции и независните листи на годинашните локални избори.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводи коалицијата „Твоја Македонија“, е под реден број 9, а опозицискиот СДСМ ќе се најде на редниот број 5 на гласачкото ливче,

Листата на првите девет броеви на гласачкото ливче :

  1. Коалиција „Искуство за успех“
  2. Движење за наша Македонија (ЗНАМ)
  3. Демократска партија на Србите во Македонија
  4. Коалиција „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ)
  5. Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ
  6. Левица
  7. Коалиција ВЛЕН
  8. Коалиција за зелена иднина
  9. Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ

На првите девет места од гласачкото ливче се наоѓаат парламентарните партии и коалиции, редните броеви од 10 до 33 ќе ги заземат вонпарламентарните политички партии и коалиции, а независните кандидатски листи на гласачкото ливче ќе бидат на редните броеви од 34 до 153.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот изборен круг на 2 ноември.

 

 

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ се прашува: Што се случи за да се измени проектот кај вештачкото езеро?!

Проданоски: Додека народот гладува и тоне во сиромаштија, премиерот Ковачевски си прави екскурзии

Левица со реакција за бегството на Мијалков

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе