25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Домаќинското работење донесе заштеди за Општина Крушево

Со промената на класичното со ЛЕД осветлување на јавните површини во Крушево, општината заштеди во трошоци над половина милион денари.
Само за споредба, ако во 2017 година за јавно осветлување се издвојувале над милион и 400 илјади денари, тие издатоци по инсталацијата на ЛЕД сијалици се намалени за околу 550 илјади денари.
„ Се плаќало многу повеќе, а граѓаните не добивале соодветна услуга. Денес граѓаните има каде да пријават проблем, веднаш добиваат одговор на нивното барање и осветлувањето е поефтино и поефикасно, вели градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски.
Со намалувањето на трошоците за струја, сега Општината ги подмирува издатоците за таа намена во ОУ „Никола Карев“ и сите подрачни училишта.

Би можело да ве интересира

Донација на ЛАГ АГРО ЛИДЕР и СОЛАР Македонија за СОУ “Орде Чопела” – Прилеп

Од утре забрана за користење најлонски кеси за пазар и казни за прекршителите

Есенски панаѓур во ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе