0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Талевски: новите мерки ќе ја поттикнат домашната потрошувачка и економија

Со соопштение до јавноста денеска се обрати претседателот на ОО на СДСМ Прилеп Миле Талевски, во кое, тој, потсетува на новите мерки од страна на актуелната власт.

– Владата предводена од СДСМ, воведе три пакети на економско-социјални мерки, чија вкупна вредност е 550 милиони евра и со кои се опфаќаат 730.000 корисници.
100.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички, во вредност од по 9.000 денари. Со тоа, ја зајакнуваме потрошувачка на домашни производи и услуги, но пред се’ ја зголемуваме куповната моќ на граѓаните и го олеснуваме нивниот живот во услови на криза.

Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 денари месечни приходи според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.

Воведовме ваучери за домашен туризам од по 6.000 денари и домашна платежна картичка од по 3.000 денари, за 100.000 граѓани.

Со оваа мерка, опфатени се сите вработени граѓани кои примаат месечна нето плата под 15.000 денари и немаат други приходи во 2018 година, според УЈП.

Граѓаните ќе можат да го искористат ваучерот за одмор и летување во домашните хотелски и другите сместувачки капацитети, со што директно ќе го зајакнеме домашниот туризам, а платежната картичка за поттикнување на купувањето на домашни производи и услуги.

Силна поддршка даваме и на нашите млади сограѓани, преку парична поддршка за 100.000 студенти и средношколци.

Мерката вклучува ваучери од најмногу 6.000 денари за покривање на партиципација во Универзитет и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци, како и платежна картичка за овие млади, во вредност од по 3.000 денари за домашни производи и услуги, потенцира Талевски, но и повикува на консензус за како што вели важното прашање – изборите.

– СДСМ е одговорна партија. Ние сакаме консензус за важни прашања, како што се изборите. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ упорно избегнува консензус, тогаш изборите по сила на Закон ќе бидат на 21 јуни, меѓу другото се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Седница на Советот – советниците бараа одговор: за состојбата со водата, кучињата скитници, за детската градинка…

Пела Редакција

Николоски: на Пендаровски ќе му помогнеме да се исели од Македонија, но прво да одговара за злоделата

Пела Редакција

Тунески: Што се случува со греењето во прилепската болница?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе