Околу 60 вработени во прилепски „Еурокомпозит“ велат дека се чувствуваат отфрлено и изневерено зашто не може да се пронајдат во ниту еден сет мерки што ги носи Владата. Денеска дознаа дека актуелниот директор си поднесува оставка.
Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот при „Еурокомпозит“ денеска биле повикани на состанок кај директорот очекувајќи некои поволни, но слушнале само разочарувачки вести.
– Директорот крена раце од нас, денеска си поднел оставка. Дефинитивно ниту Владата нема слух за нас. Во последните две и во оваа трета мерка, ние не влегуваме во ниту една од трите мерки. Бараме Владата јавно да каже зошто овие 60-ина вработени не влегуваат во ниту едни мерки. Повеќе од шест месеци немаме земено ниту денар, немаме ниту здравствено осигурување и вистински сме на работ на егзистенцијата – изјави Богданоски.
Синдикатот најавува од идната недела да зема средства од фабриката и да ги продава, без разлика на последиците.
– Им даваме рок до петок. Доколку никој нема слух, решени сме да влеземе во фирмата и да почнеме и ние да продаваме дел од машините и алатите, без разлика дали ќе не затворат, зашто вака не може понатаму – вели Богданоски.
Од прилепски „Еурокомпозит“ 154-ца заминаа како технолошки вишок, останмаа 60-ина вработени кои немаат ниту работа, нема струја во фирмата, а наместо служба, објектот го обезбедува полиција.
Извор: МИА
претходна вест