30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Се реконструира регионалниот пат Крушево – с. Пуста Река

Започна реконструкцијата на регионалниот пат од Крушево до с. Пуста Река. Проектот е финансиран и реализиран од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и општина Крушево.Фирмата изведувач започна со гребење на асфалтот, а идната недела се очекува асфалтирање. Должина на патот изнесува 15 километри ,

„По 45 години го реконструираме овој пат. Овој проект е еден од многуте кои ги имплементираме на цела територија на општина Крушево и со тоа покажуваме дека работиме во секој дел од општината. Работиме во градот и сме имплементирале активности и проекти во сите села.“- пишува  градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ,во дописот до медиумите

 

Пред две години (август 2018), во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта и Македонија пат , патот Крушево – Пуста Река, поради сериозни оштетувања со ударните дупки, беше само саниран. Инаку, селото се наоѓа само на 13 километри од Крушево и пред неколку години до него, поради лошата патна инфраструктура, руиниран и раскопан пат,  беше тешко да се дојде.

Би можело да ве интересира

Поетот Филип Димкоски на државна смотра на читањето во Србија

Во Прилеп стартуваше проектот “Денови на Свети Климент Охридски”(ФОТО)

Никола Димески

Се зголемува буџетот на Општина Прилеп за 12,7%

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе