8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Во карантин половина Македонија, забрана за одење на гробишта за Задушница

Комисијата за заразни болести донесе препорака, а Владата попладнево ја потврди со одлука, дека повторно се враќа полицискиот час, после нешто помалку од 10 дена од неговото укинување.
Тоа значи повторно полициски час: од четврток од 21 часот до петок до 05 часот наутро, а во петок, сабота, недела од 16 часот и до следниот ден до 05 часот наутро, за поголемиот дел од државата.
Градовите со најголем број на нови заболени, односно Скопје, Куманово, Штип и Тетово,  како и Боговиње, Теарце, Желино, и Јегуновце ќе имаат карантин – полициски час кој што ќе трае за продолжениот викенд, од утре, 4-ти јуни во 21 часот, до 5 часот во понеделник, 8-ми јуни.
Петок е неработен ден поради празникот Задушница, а од утре во 21 часот до понеделник се забранува посета на гробиштата на територија на целата држава, освен во случај на погреби.
Како главна причина за зголемениот број на нови заболени, а и кога ќе се земе во предвид поминатото време од укинувањето на полицискиот, се истакнува непочитувањето на мерките од одредени групи во истакнатите општини.
Како ќе се продолжи од понеделник не е одлучено, односно во понеделник ќе се знае дали ќе има уште полициски час и колку, а тоа ќе зависи и од бројките на нови заболени наредните денови.

Би можело да ве интересира

Службите во општина Прилеп подготвени за првиот снег

Одбележувањето на двата историски Илиндена под посебни услови

Гордана Цветаноска

Регистрирани 9 нови случаи на лица инфицирани со коронавирус во Општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе