16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Нема да се наплаќа комунална такса за користење на простор пред деловен простор

Советниците при  Советот на општина Прилеп на 44 -та редовна седница одлучија седумте прочистувачи на воздух кој ги доби градинка, наменети за ЈДУ „Наша иднина„ да останат во трајна сопственост и користење на деттските градинки. Советниците дадоа „зелено светло„ и за три нови вработувања во ЈОУ  Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“.

Едногласно беше прифатена одлуката за проширување на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2020 година , наменети за потребите на  три СОУ во Прилеп : Гимназијата „Мирче Ацев„,  СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и за СОУ  „Ѓорче Петров„ .

Советниците ја донесоа  одлуката  општината да не наплаќа комунална такса  за користење на простор пред деловните простории за вршење на дејност , како што се ресторани, кафетерии, обложувалници , за верме на вонредна состојба, и е констатирано дека во истиот  период лани, од 01 јануари до 30 мај, наплатата е значително намалена поради КОВИД 19 ,  од 4 милиони и   71 илјада денари , на еден милион и 312 илјади денари за оваа година, споредбено со  истиот  период,  лани. Се укинува и висината на трошоци и надоместоците за користење на инфраструктурата на гробиштата и придружните објекти која изнесува 200 ден.

Воедно, советниците дадоа согласност  и за одлуките повразани за новите регулациски планови на Генералниот урбанистичи план за град Прилеп.

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп објави јавен повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипеди

Пела Редакција

(Видео) Три дена беснее шумскиот пожар во крушевско

Уапсен прилепчанец, ја нападнал сопругата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе