18.5 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Над 1 700 барања за земјоделски субвенции поднесени во прилепско

Половината од очекуваниот број на барања за субвенции од Програмата за дирекни плаќања за 2020 година во прилепско се доставени преку подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп.
Досега, според информациите на раководителот на подрачната единица Зоран Пачешкоски, аплицирале околу 1 700 земјоделци. Во најголем број, станува збор за барања за финансиска поддршка за одгледување на градинарски и житни култури. До крајот на рокот – 31 јули, се очекува да пристигнат над илјада барања, така што и годинава вкупната бројка ќе надмине 3 илјади апликации за субвенции од регионот на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.
Ресорното министерство со цел да им излезе во пресрет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, одлучи сите Подрачни единици на МЗШВ да работат и за време на викендот и тоа (сабота и недела) до истекување на рокот за доставување на апликациите.
Инаку, поднесувањето на барањата може да се врши електронски, без посета на подрачната служба, преку веб страна на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Но, бидејќи има голем број на земјоделци кои не можат сами електронски да поднесат барања, треба за помош при пополнување на електронските барања, да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство. За таа цел на веб страната на Министерството објавени телефонските броеви на раководителите на сите Подрачни единици на МЗШВ.

Би можело да ве интересира

Денеска, 11-ти Декември е Светски ден на планината. Колку планини има во Р.Македонија?!

Елизабета Филипоска

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА ИСКЛУЧИ 40 СВЕТЛЕЧКИ РЕКЛАМИ И СЕ ВКЛУЧИ ВО ЗАШТЕДАТА НА ЕЛ.ЕНЕРГИЈА

Откупот заврши, што со претстојната реколта? (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе