12.1 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

Под мотото „Заедно посилни„ ЏК Сеишин го одбележа Светскиот ден на џудото

Денеска е Светскиот ден на џудото, 28 октомври, кој се одбележува во чест на роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано. Годинава фокусот е ставен на новонастанатата состојба  и денот, џудистите го одбележуваат под мотото „Заедно посилни“.

По тој повод ЏК Сеишин -Прилеп организира џудо тренинг со своите членови на отворено и им додели признанија од Интернационална џудо федерација на џудисти, поединци и групи, организации и медиуми кои дале свој придонес во развој и афирмирање на овој спорт. Ветераните, младите и најмладите се собраа на терените на Могилата на непобедените и ја потврдија својата мисија, да го презентираат џудото како спорт кој најдобро влијае врз целокупниот развој на децата и младите. На ова одбележување присуствуваа и двата градски клубови ЏК Санкаку Прилеп и ЏК Прилеп со дел од своите членови.

Дејан Ширкоски, претседателот на ЏК Сеишин -Прилеп се заблагодари на присуството и нагласи дека во џудото ќе се користи ова добро време за да продолжи со тренинзи и да се задржи шампионската титула од минатата година и ги покани сите оние кои сакаат да се вклучат во џудото, да помогнат на џудото, без оглед на старосната граница, се добредојдени.

Дејан Ширкоски, тренерот на ЏК Сеишин-Прилеп, се надева дека со подобрување на условите за тренинт, може да се постигнат и светски, па дури и олимписки резултати со ЏК Сеишин – Прилеп.

Претседателот на иницијативниот одбор на џудо ветерани и Селекторот на Ветеранската селекција на Македонија, Киро Здравески, кој активно го пренесува овој спорт на најмладите вели дека џудото се учи цел живот.„ Неговото влијание не запира во салите за тренинг, туку континуирано продолжува и надвор од нив, ги негува духовните вредности на младите и никогаш не ја заборава својата задача да создава подобри личности и подобро општество.“ -ни раскажа ветеранот Здравески.

Во душата на овој фантастичен спорт е нежноста и во него нема место за насилство и агресивност. Ова е спорт кој инвестира во самоконтролата и самопочитувањето. Се негува одбранбениот инстикт. Се негува доброто од личноста. Се тренира умот. Како во животот така и во спортот победата е посакуваната цел.  Но, овој спорт не учи да го почуствуваме и падот како нешто величествено и да бидеме достоинствени во моментот кога го доживуваме. Џудото не учи да го прифатиме падот и не учи како да паѓаме без да бидеме повредени – стои во препораките на Здравствена комисија на ЏФМ, по повод Светкиот ден на џудото, 28 октомври.

Пофалница и за Радио Пела

Би можело да ве интересира

Во последната секунда нерешено за опстанок на РК Прилеп во суперлигашкото друштво

“Прилепските“ Грузијци најдобри на ракометниот турнир

Елизабета Филипоска

Чантурија е нов тренер на РК Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе