30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Реконструкција, и на водоводната мрежа на Булевар

Со реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп, започна да се реконструира и водоводната мрежа,  од булеварот од централната крстосница кај „Градската кафеана“ до Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Реконструкцијата на цевковод во центарот e во должина од 280 метри. Се реконстурира по 65 години. Оваа линија е градена во далечната 1955 година. Реконструкцијата очекуваме да заврши за 10-ина дена. Реконструкцијата чини околу 100.000 евра.Тоа се сопствени  средства на ЈП „Водовод и канализација“.– Ова практично значи замена на старата бетонско-азбестна мрежа со нова, полиетиленска мрежа. А за целосно да се реконструираат главните градски линии во централното подрачје, потребна е и реконструкција на крак, од улицата „Ленин“, до крстосницата на булеварот со улицата „Кузман Јосифоски – Питу“ – посочи  Емил Јанески, директор ЈП „Водовод и канализација“-Прилеп

Што се оденсува до водоснабдувањето, при оваа прилика Јанески нагласи дека водоснабдувањето, се одвива без поголеми, иако идашноста на изворот “Студенчица“ е намален

Во овој момент дарежливоста на Студенчица е околу 700 литри вода во секунда. Јавното водоводно претпријатие ја следи состојбата и доколку има потреба наредниов период во употреба ќе бидат пуштени и бунарските постројки. Инаку, во градот нема проблем со водоснабдувањето, -рече Јанески.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Како да се заштитат земјоделските насади од температурните шокови и високиот УВ индекс?

Утре на денот на изборите понесете чадор – метеролозите предвидуваат дожд

И денеска многу топло време, ризично за здравјето

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе