30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прегазен пензионер

Пензионер се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил, синоќа во 22:10 часот. Несреќата се случила на крстосница од ул. „Генерал Васко Карангелески“ и „11 Октомври“ каде патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.У.(43) од Прилеп, удрило во пешакот Л.П.(66) од Прилеп.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Прилепченец во обид да размени фалсификувана банкнота од 200 евра

Исчезната е 42 годишна прилепчанка, пријавени неколку физички напади во еден ден

Куп тепачки на малолетници во Прилеп за едно деноноќие

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе