22.4 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Исчезната е 42 годишна прилепчанка, пријавени неколку физички напади во еден ден

Од полицискиот билтен за 20 ти јануари извојуваме за уште една пријава за исчезнато лице. Овој пат станува збор за 42 годишна прилепчанка, за која братот пријавил дека се оддалечила од домот.

На 20.01.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп, Н.Р.(54) од Прилеп пријави дека од домот се оддалечила неговата сестра С.У.(42). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Од полицискиот билтен и пријави за 3 физички напади врз две жени и двајца мажи од Прилеп и во Кривогаштани:

На 20.01.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп, Ф.Л. од Прилеп пријави дека на ул.„Цар Самоил” во Прилеп бил физички нападнат од П.К. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 20.01.2026 во 16:20 часот во СВР Битола, 23-годишна прилепчанка пријавила дека  во Битола била физички нападната од Д.Р.(33) од Битола, поранешен партнер на нејзина братучедка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 20.01.2026 во 18:30 часот во Полициско одделение Кривогаштани, В.Л.(34) од с.Воѓани, прилепско, пријави дека во с.Кривогаштани бил физички нападнат од Г.Ц.(45) од с.Кривогаштани, кој притоа со метален предмет го оштетил неговото возило и ја нападнал неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Би можело да ве интересира

Јубилејна “Прочка 2026“- 25 години постоење и 100 години од традицоналната маска “Прилепски мечкари“

Пела Редакција

Со одлична музичка програма се најавува новото издание на “Мото Фестивал Рисови 2025”

Пела Редакција

Отстапка нема – втор ден протести на прилепските пензионери

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе