11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Брзите тестови за Ковид ќе се прават и во Прилеп

Брзите тестови за Ковид 19 кои од пред неколку денови се прават во Скопје, наскоро ќе се применуваат и во Прилеп. За таа цел се обучува екипата – лаборанти од Здравствен дом Прилеп, каде ќе се реализираат овие т.н брзи тестови. Информацијата ја сподели на социјалните мрежи директорката на прилепскиот Здравствен дом:

„Со цел што повеќе наши сограѓани да бидат тестирани со брзи – брис тестови за Ковид 19, со кои резултатот ќе биде готов за 20 минути, двајца наши лаборанти ќе присуствуваат на обуката во Скопје, организирана од Министерството за здравство. Истите после дистрибуцијата секојдневно ќе се прават и во нашата биохемиска лабораторија. “

Овие тестови се за детектирање на вирусот КОВИД 19, а не на антителата. Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациетот ќе му се земе брис за ПЦР тести или за антигенски брз тест. 

Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку Мој термин. Доколку брзиот тест е негативен но симптомите сугерираат на КОВИД 19, тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.

Би можело да ве интересира

Советот на општина Новаци ја одржа 5 тата седница-како ќе се распределуваат средствата од буџетот

Елизабета Филипоска

Ова е Прилепското вештачко езеро

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Прилеп домаќин на Светско јуниорско првенство во спортско моделарство

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе