20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Тутунски откуп: земјоделците бараат фер проценка или протести, а министерот укинување на 4 класа

Ковид кризата и временските услови се виновни за лошиот старт на  откупот на тутунот, посочи по средбата со тутунарите и откупувачите денеска, ресорниот министер Арјанит Хоџа.  Засега, се предадени вкупно 256 тони по просечна цена од 163 денари.

Хоџа по состанокот посочи дека власта е за укинување на четвртата класа тутун за да се зголеми просечната откупна цена, но допрва ќе се разгледува начинот како тоа правно да се изведе. Министерот порача дека целата договорена количина тутун од годинашната реколта ќе се откупи, а  ако се појави вишок, откупувачите ќе излезат во пресрет. Министерот потенцира уште еднаш дека сеуште било рано за било какви оценки за текот на тутунскиот откуп. Но тутунопроизводителите веќе се подготвуваат за протести, а Сојузот на земјоделски здруженија, официјалните претставници при проценката на вагите, велат дека потребно е порадикално да се реагира.

Затоа, сега ги повикувам сите повереници на цела територија каде што се откупува тутун и сите тутунопроизводители – од понеделник и вторник секаде каде што се предава тутун доколку има нереална проценка, му се зема тутунот класа подолу – да се блокираат откупните центри, на самото место вагите да бидат блокирани, да се извести министерството, да се извести инспекторатот, а и министерот најави дека тој лично ќе отиде на одредени ваги за да види каков е проблемот, за да се реши ситуацијата, за тутунот да тргни и да се откупува.  

– Сакам да ги известам сите тутунари дека денеска имавме средба во Министерството со откупувачите. Таму ги кажавме сите проблеми, дека  откупот е катастрофален, дека цените и проценката е катастрофална и дека одбитоците се многу високи. Министерството не’ поддржува во секој случај, на компаниите тоа му го кажавме. Компаниите кажаа дека ќе ја ублажат линијата.

Затоа што лани тутунот ова време имаше откупено 10 милиони кгр, а оваа година до овој датум има откупено 250 тони и сите компании не се отворени. Од понеделник најавуваат дека отвораат и другите компании, затоа ги повикувам сите тутунари, секаде каде што не е реална проценката да се стопираат, за да излеземе на терен, да излезе министерството за да ги решаваме проблемите. Нема да дозволиме ниту еден тутунопроизводител да биде оштетен, вели Мендо Стомнароски претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Моментално, во Велес, Радовиш, Струмица и Пелагонија е нереална, така што тутунот се проценува за 1 до 2 класи подолу од вообичаената проценка.

– Откупните компании им велат на тутунарите дека нема за прва класа да се цении да се врати назад тутунот, затоа што не размислуваат да го ценат за највисока класа. Други велат: „можам да ти земам само 2 кутии?! Ние бараме се’ она што е произведено и таа класа што си ја носи кутијата да биде проценета реално, а одбитоците да бидат во рамки на законот, вели Стомнароски.  

Во врска со предупредувачкиот протест најавен за в недела 6 ти декември, од Сојузот на земјоделски здруженија велат дека ќе го поддржат, со цел тутунарите да добијат реална проценка.  

Досега во тутунскиот откуп од вкупно 10, вклучени се 4 компании, а 4 стартуваат од понеделник, двајца откупувачи најавиле дека до 15 ти декември (законскиот старт за откуп) ќе обезбедат финансиски гаранции. Според договорите  реколтата е тешка 23 милиони кгр, а претставниците на тутунарите велат дека на терен има дополнителни 1 милион кгр.

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

Пела Редакција

Протестите на работниците од Еурокомпозит се селат пред Владата

Исполнување или повторно,само ветување?!Заев се сретна со “еурокомпозитовци“: Има понуда од инвеститор за трајно решение фабриката да продолжи да работи

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе