2 C
Прилеп
недела, 16 февруари, 2025
Пела Радио

Во Крушево закани и навреди помеѓу две лица, политички опоненти

Вчера (16.12.2020) во Полициската станица во Крушево, В. Д од Крушево пријавил дека околу 19.40 часот бил физички нападнат од Т.Х. од Крушево. Веднаш,  во исто време, во Полициската станица Крушево, Х.Т. пријавил дека околу 19.40 часот на ул.„Никола Ѓурковиќ“ тој бил навредуван од В.Д, при што настанала расправија.  

Во меѓувреме, во соопштението од локалната власт се вели дека Градоначалникот на Крушево, Христоски реагирал веднаш на својот профил , негирајќи било каква физичка пресметка, „а партијата на ОК на  ВМРО ДПМНЕ Крушево, синоќа објави дека наводно градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски физички нападнал граѓанин на општината, односно, како што пишуваат од партијата, член на ОК ВМРО ДПМНЕ Крушево.“ – се вели во соопштението до нашиот медиум.

Инаку,полицијта презема мерки за расчистување на случајот, информираатод СВР Битола.

.

Би можело да ве интересира

Запленета дрога во прилепско во вредност од околу 300.000 евра

Елизабета Филипоска

Со тешки телесни повреди се здобил млад прилепчанец моторциклист кој се судрил со автомобил на раскрсница

Пела Редакција

Во с.Ропотово „мерцедес“ со струшки регистарски натоварен со нелегално огревно дрво

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе