10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Прилеп на второ место по број на активни Ковид случаи

Во општина Прилеп за периодот од 01 до 07 март 2021 година, евидентно е зголемен бројот на заболени и починати во споредба со крајот на минатиот месец. Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во општина Прилеп имало 312 нови случаи на Ковид-19, а од последици на коронавирусот починале 3 лица. Бројот на активни случаи изнесува 690 што ја става општината на второ место во земјава, веднаш после Скопје. Во домашна изолација и самоизолација заклучно со вчера се наоѓаат 648 лица.

Во последните 24 часа во Македонија се направени се 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на Ковид-19 во Скопје. На болеста и подлегнале 22 пациенти.  Новозаразените се во Скопје– 459, во Прилеп повторно висока бројка од 51 нов случај, а се зголемува бројот и во Крушево со 9 новозаразени.

Починати се 9 пациенти од Скопје , 4 пациенти од Прилеп (67, 86, 89 и 45 години), двајца пациенти од Гевгелија и по 1 пациент од Тетово (72), Велес (73), Охрид (79), Кочани (72), Кичево (70), Делчево (75) и Струмица (70). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Би можело да ве интересира

На Плетварското езерце и оваа година ќе се полага Светиот крст за Водици

Пела Редакција

Нови цени на горивата од полноќ

Пела Редакција

Граѓаните повторно затекнати, градежни работи на патoт Прилеп-Крушево

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе