26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Тутунскиот откуп е пролонгиран

Законот за изменување и дополнување на Закон за тутун, предложен од група пратеници од владејачкото мнозинство попладнево, Собранието едногласно го донесе. Сите пратенички групи се согласија дека треба да им се помогне на тутунопроизводителите и да се продолжи рокот за откуп на тутун за еден месец. Иако, опозицијата имаше повеќе забелешки и дополнувања што според нив, требаше да бидат дел од измените, пред се’ во делот за забрана на увозот на тутун, како и измени и дополнувања кои се однесуваат на количествата по единица површина содржани во договорите.

Според пратеникот од СДСМ Миле Талевски, кој е еден од предлагачите Предлог-законот најважно е да обезбеди пролонгирање на откупниот рок.

– Целта на измените и дополнувањата на Законот за тутун е да се продолжи периодот на откуп за еден месец со што ќе се надминат проблемите со откупот на тутун и ќе им се овозможи на откупните претпријатија да го откупат целокупното производство на тутун – истакна Талевски.

Станува збор за околу 2 милиони кгр тутун, кои се во најголем дел за откупување во долненско и прилепско. Измените во Законот ќе стапат на сила со објавување во Службен весник.

Би можело да ве интересира

Рекордно висок процент на новозаразени

9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Синоќа започна Прилепскиот џез викенд

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе