30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Субвенции за инвертер клими и велосипеди

Советниците на Советотот на општина Прилеп денеска расправале по предлог-правилник за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање односно, надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп,  за купување велосипеди за 2021 год. и грејни тела со инвертер, заради здрава животна средина, како и за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција ,надомест на дел од трошоци на граѓани.

Советниците, преку онлајн, расправале и за кварталениот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за четвртот квартал од 2020 година, за годишна сметка на Буџетот на Општина Прилеп за 2020 година, како и за годишениот извештај на Општина Прилеп за 2020 година. Воедно ,според дневен ред на седницата на Советот, се зборувало и за финансиските извештаји и работењето на институциите кои се под ингеренции на локалната самоуправа: јавните комунални претпријатија, основните и средните училишта, градската библиотека, домот за стари лица..

Би можело да ве интересира

Slow food со уште едно успешно пазарче во Прилеп

Пела Редакција

Уредување и санација на патиштата – приоритет во Крушево

Прилеп: Претстава „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” од Театар ,,Златен Елец” по повод Светскиот ден на театарот

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе