Денеска во 13.55 ч слезе Благодатниот оган на гробот на Господ Исус Христос во Ерусалим. Секоја година на Велика Сабота во Ерусалим се пали несоздаден оган, како чудо на Бога, во црквата Христов гроб, кој со посебен ритуал, ерусалимскиот патријарх го дели на верниците собрани во криптата на црквата. Патријархот излегува со запалени свеќи. И секој сака од тие свеќи да ја запали својата. За неколку минути, целиот храм е исполнет со бело-син сјај. Луѓето се допираат со огнот. Сите се радуваат и го чувствуваат невидливото присуство на Исус Христос.