30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Соседот му го убил кучето со огнено оружје

Се случило за празникот , на 24.мај , околу 21.00 часот кога во Полициската станица Прилеп, Ф.В.(47) од с.Крушејца, прилепско, пријавил дека неговиот сосед П.Т.(61) од Скопје, кој престојувал во с.Крушејца, со огнено оружје го усмртил неговото куче, по што го фрлил на непозната локација во атарот на селото.

По извршениот увид биле пронајдени две чаури, а во разговор со полициски службеници П.Т. изјавил дека со два истрела го усмртил кучето на Ф.В. а потоа го фрлил надвор од населено место. Тој доброволно го предал користеното огнено оружје, автоматска пушка марка „Застава М 72“, кое го поседувал без дозвола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

37 годишен маж се самозадоволувал пред малолетници во паркот на Могила

Пела Редакција

Пуканo во жена пред МЦСР – Прилеп

Пела Редакција

По пад од велосипед двајца малолетници повредени во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе