7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

На Ромите не им бил дозволен пристап на градскиот базен

Од приватни видеа, кои, наводно, се појавиле на социјалните мрежи, каде на Ромите им бил забранет влаз во базенот на спортско рекреативниот центар  „Маркови кули„ кој е во приватна сопственост, претставници од граѓанската иницијатива „Аваја „ денеска имаа средба со прилепскиот градоначалник,  потенцирајќи дека со оваа забрана Ромите биле дискриминирани .

„Ромите не се граѓани од втор ред и не треба да бидат диксриминирани. Секој има право  да користи јавна услуга. Свесни сме дека и изминатите години, а и сега не им е дозволено пристап до јавни услуги, а посебно до градскиот базен. Чест ни е што и Општина Прилеп и градоначалникот ова го препознават како системски проблем.  Ние одлучивме дека ќе ги искористиме сите  механизми, дека  ќе поднесеме преставка до комисијата за заштита и дискриминација, дополнително ќе поведеме судска постапка. Вчера беа вратени околу 50 Роми, каде не им беше дозволен влез, оневозможено на користење на јавна услуга, истото го документиравме, поднесено е до институциите на државата, а дополнително Ромската заедница ќе се организира на мировен протест од населбата Тризла до градскиот базен. Воедно и на другите лица во тој момент не им било дозволено од друга етничка заедница.„ -истакна, Џингес Бериша преставник од граѓанската иницијатаива Аваја  и станица 5 и додаде „ Поаѓајќи од минатите години и другите базени и локали (мислам на кафичи )  кои нудат  јавна услуга, ја повторуваат истата пракса со Ромите„ –рече тој. А, на новинарско прашање „ „Како се препознаваат Ромите?!„ тој  потенцира дека тие имаа специфична боја на кожата и дискриминирањето се прави врз основ на изгледот.

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски посочи дека со конституирањето на нашата земја како самостојна и суверена држава, се воспостави и зацврсти владеењето на правото, со цел да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот.

„Во Уставот на РСМ, недвосмислено е кажано дека граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Оттаму, како градоначалник на општина Прилеп, но и како граѓанин, најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница, на кои, според нивното кажување, не им бил дозволен влез на отворениот базен. Владата на нашата држава и ние како локална власт, безрезервно сме посветени на концептот за градење едно општество за сите. Општество во кое сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите и во кое ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по ниедна основа.

„ Од тие причини, сите оние на кои им било скратено правото да ги користат услугите на овој или било кој друг спортско-рекреативен објект, институција или организација, ги охрабрувам да поднесат претставки до институциите кои се задолжени за почитување на правата на граѓаните и нивна заштита од дискриминација.  Во таа насока, денеска одржав средба со претставниците на граѓанската иницијатива „Аваја“ и станица пет.. Истовремено, упатувам апел до сите правни и физички лица од нашата општина, до сите граѓани на општина Прилеп, за покажување солидарност, емпатија и почит кон припадниците на сите етнички заедници.  Само обединети и со меѓусебно почитување, без разлика на нашата етничка, верска, расна, полова и друга припадност, ќе изградиме едно општество за сите, кое ќе биде гаранција за подобар живот на сегашните и идните генерации.“- информира на прес конференцијата првиот човек на градот, Јованоски .

Би можело да ве интересира

Од утре на полноќ настапува изборниот молк, во понеделник ќе гласаат лицата со COVID-19 и во самоизолација

Гордана Цветаноска

Колку граѓаните учествуваат во креирањето на општинските буџети во Крушево, Прилеп и Кривогаштани?

Илија Јованоски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе