30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Нема монодрами и дуодрами, ниту претстави од независни продукции или ад хок груп на овогодишниот МТФ „Војдан Чернодрински„

55 –то издание на МТФ ќе се одржи  на почетокот на месец октомври, одлучи Собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ на седницата одржана на 15 -ти јули. На Фестивалот со претстава по свој избор можат да учествуваат сите професионални театри, кои се членови на собранието. Театрите до 30 август треба да го пријават своето учество со наслов на претставата со која планираат да настапат на фестивалот.

Донесена е одлука прететстави од типот монодрама и дуодрама да не се пријавуваат за учество во официјалната програма.

 Со оглед на состојбата со пандемијата и со финансиите, во  придружната програма учество ќе имаат само дипломските претстави од ФДУ и ЕСРА. Нема да имаат можност да бидат селектирани претстави кои се од независната продукција, или ад хок групи, како за во официјалната така и за придружната програма.

Добитниците на наградата за животно дело ќе бидат познати во почетокот на септември, кога ќе биде објавена и официјалната програма за 55 –от МТФ „Војдан Чернодрински“ ,истакна со допис до медиумите, уметнички директор на фестивалот Катарина Коцевска.

Би можело да ве интересира

Градска библиотека „Борка Талески“: Промоција на книгата Радио од новинарот Љупчо Јолевски

Создавам музика за да ги поврзувам луѓето

Пела Редакција

МТФ „Војдан Чернодрински“ отвора повик за учество на форумот „Драмолетање“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе