9.5 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

Германски Фрајбург е заинтересиран за фудбалер од Житоше

Второлигашо Братство од Житоше можно е да остане без својот напаѓач, 21-годишниот Насаф Шабанов, неготинец, кој има шанса да премине во германскиот бундеслигаш Фрајбург. Тој е веќе таму, каде интензивно тренира, се подготвува за тестовите што претстојат.

Се работи за исклучително талентиран фудбалер, кој се покажа во пролетниот дел од сезоната на Третата лига – Југ, кога на 9 меча даде 10 гола, кои помогнаа тимот од Житоше да се искачи на 2 место од табелата и да игра бараж. Токму, на бараж-мечот со Турново, Шабанов беше стрелец на единствениот, победоносен гол за историскиот успех, влезот во Втората лига – Исток.

(ВИДЕО) СЛОБОДНИОТ УДАР НА ШАБАНОВ ПРОТИВ ПОБЕДА

https://www.facebook.com/ShampionMK/videos/203594991592288

Шабанов претходно играше за Беласица, Богородица, Превалец, неготински Вардар, Плачковица и Локомотива од Градско.

Би можело да ве интересира

ПИНГ-ПОНГ: РИСОВИ ГИ ОСТАВИЈА БОДОВИТЕ ВО ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

Прилеп ги загуби трите бода од Пролет и не го искористи домашниот терен за победа

Елизабета Филипоска

Македонија во вистинско светло на мундијалот? (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе